октомври 5, 2024

Фудбалерот Аријан Адеми на 19 март ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Динамо Загреб и заминува како најтрофејниот играч во историјата на клубот. Тој кариерата ќе ја продолжи во Кина каде потпиша тригодишен договор со Беиџинг Гоан. Платата на Адеми ќе биде  1,65 милиони евра по сезона, додека Динамо ќе добие отштета од милион евра.

Аријан Адеми (31) дојде на „Максимир“ во Загреб од Шибеник во 2010.  Со “Динамо„ освои 11 титули во домашното првенство, шест во Купот и трипати во Суперкупот. Одигра 358 натпревари и постигна 41 гол.

Роден во Шибеник, Адеми се надеваше дека ќе добие вистинска шанса во хрватската репрезентација. Но, тоа не се случи, па во 2014 ја прифати поканата да го од македонската репрезентација.

Фото: Јурица Галоиќ/PIXSELL

The post Аријан Адеми го напушта „Динамо“ како најтрофејниот играч и се сели во Кина appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK