октомври 5, 2024

Германските истражители го идентификуваа бродот од кој беше извршена диверзијата на гасоводите „Северен тек“, трагите водат до компанија во сопственост на Украинци, пишува „Цајт“.

Бродот бил изнајмен во Полска, се наведува во написот и се додава дека оние кои ја нарачале диверзијата не се откриени сеуште.

ШЕСТ ЛУЃЕ ГО ДИГНАЛЕ ВО ВОЗДУХ СЕВЕРЕН ТЕК! Германските истражители го идентификуваа бродот од кој беше извршена диверзијата

Според написот, диверзијата ја извршила екипа од шест лица, не се знае нивното државјанство, користеле лажни пасоши.

Американските власти, да потсетиме, објавија дека не се пронајдени докази за наводна вмешаност на руските власти во нападите на гасоводите „Северен тек“, објави „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на извори во американската администрација.

Весникот наведува дека новите разузнавачки информации даваат основа да се претпостави дека зад нападот на гасоводите стои проукраинска група.

Проукраинската група наводно дејствувала без знаење на украинскиот претседател Володимир Зеленски и властите во Киев.

Засега американските разузнавачки служби не можат да кажат кој ја нарачал саботажата на гасоводите, посочува весникот, додавајќи дека новите податоци укажуваат дека зад нападот стојат противници на руското раководство, но не се наведува кој бил дел од таа група , кој ја водел или кој платил за операцијата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK