октомври 5, 2024

„Не сакаме тава, сакаме права“, „Ќе преживеат ли жените овде?“… Со вакви транспаренти и свирчиња голем број жени, но и мажи се собраа на традиционалниот осмомартовски марш. Побараа подобра заштита и сигурност, социјална и здравствена правда. Се пожалија дека живеат во страв и неизвесност, а во Македонија и во 21 век владее родова нееднаквост.

Драгана Дрнадаревска, пак, која беше гостинка во Тема на денот, рече дека во земјава постои континуиран напредок на женските права. Закони има, но во пракса тешко се применуваат.

Дека ветувањата тешко се исполнуваат говори и фактот што родовата застапеност 50-50 во законодавната и извршната власт беше едно од клучните предизборни ветувања на СДСМ. И покрај тоа, од 20 министерски позиции, само 5 се жени. Во собранието, пак, има поголема бројка – 51 жена.

Споредено со регионот, Македонија не е најлоша, ама заостанува. Застапеноста на жените во владите од регионот се движи околу 30%.
sitel tv

The post Со разни транспаренти и свирчиња голем број жени се собраа на традиционалниот осмомартовски марш во Скопје. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK