октомври 5, 2024

Премиерот Димитар Ковачевски запрашан како оди бизнисот со фотоволтаици на неговата сопруга за кој „А1он“ објави претходно, рече дека обновливите извори на енергија се нешто што како тие како Влада го поттикнале и дал резултати после една година.
Наместо со одговор на новинарско прашање за неговиот семеен бизнис Ковачевски му се обрати на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Обновливи извори на енергија се нешто што како Влада го поттикнавме и резултатите се 182 мегаварти инсталиран капацитет за една година. Би му порачал на лидерот на опозицијата дека секогаш ја промашува работата како што ја промаши во јануари дека ќе има парламентарно мнозинство, се што јас и моето семејство имаме е пријавено во анкетен лист, во сите институции. Да, тоа е иднината, не само во обновливите извори. Ние сме едни од лидерите во регионот на обновливи извори на енергија. Цел еден блок на РЕК Битола може да биде заменет во моментов со енергијата од фотоволтаиците – рече премиерот.

The post Ковачевски не открива како и оди на жена му бизнисот со фотоволтаици appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK