октомври 5, 2024

Две лица се приведени и за нив се бара притвор како осомничени дека учествувале во грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски се дознава од извори во кривичен суд.

ГИ НАЈДОА | ПРИВЕДЕНИ СЕ ДВАЈЦА: Се бара притвор поради киднапирање на внукот на Бошкоски

Се чека судија да одлучи дали ќе им определи 48-часовен притвор како што побарал обвинителот кој го води случајот.

МВР во дневниот билтен на 5 март објави дека е исчезнато 26-годишно лице.

„На 04.03.2023 во 08.00 часот во СВР Скопје, М.К.(32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К.(26). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, информира МВР.

Исчезнувањето на момчето го пријавил неговиот брат. Се стравува дека 26-годишникот е киднапиран, затоа што излегол од дома, наводно го викнале накај Кисела Вода или Драчево и потоа му се губи трагата.

На социјалните мрежи беше објавен апел за помош од граѓаните, а според нив, Костадиновски бил киднапиран во близина на Чешката амбасада, објава која набрзо беше повлечена.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK