октомври 5, 2024

Турската глумица Џансу Дере се јави откако голем број од нејзините фанови сметаа дека исчезнала во страшниот земјотрес кој пред повеќе од месец дена ја погоди земјата. Со недели не се знаеше ништо, затоа што Дере не се огласуваше на социјалните мрежи, па многумина помислија на најлошото.

Брзо потоа на интернет почна да се споделува видео во кое наводно се гледа Дере како помага на семејствата на погодените со пакување на пакети и давање помош на повредите кои останаа без кров на глава. Сепак потоа не беше потврдено дека станува збор за Дере, за на крајот и самата таа се јави и ги смири фановите велејќи им дека ја скршила петтата и дека се опоравува дома.

„Не ми беше анмерата некого да загрижам и уплашам. Не ги користам често социјалните мрежи. „Инстаграм“ ми служи повеќе како албум во кои ги споделувам среќните моменти“, рече Дере за „Си-ен-ен: Турк“.

За потсетување, Дере на публиката и е позната од серијата „Сила“ каде ја игра главната улога, а потоа ја можеа да ја гледаат и во „Сулејман Величествениот“. Претходно била и моде и „Мис на Турција“ во 2000 година, а турската влада ѝ забрани да се натпреварува на финалниот избор, затоа што натпреварувањето се одржуваше во Кипар на грчкиот дел Никозија.

 

The post Се јави турската глумица Џансу Дере за кои се мислеше дека настрада во земјотресот, „Ја скршив петтата и се опоравувам дома“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK