октомври 5, 2024

СВР Битола поднесе кривична пријава против Р.П.(45) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, вработен во шумска полиција, по спроведена акциска контрола на место викано „Беловодица“, во која било одземено патничко возило натоварено со бесправно исечени огревни дрва, наместо да ги повика вработените во подрачното Шумско стопанство „Црн бор“ – Прилеп да го подигнат возилото и дрвата, тој растоварил поголем дел од дрвата, а оставил помал дел.

По ова пријавениот го прикачил одземеното возило за службеното возило и го доставил до „Црн бор“ Прилеп, каде го предал со записник, а потоа го извадил акумулаторот од одземеното возило и го земал со себе – информираат од МВР.

The post Вработен во шумска полиција од запленето возило ги украл дрвата и акумулаторот !!! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK