октомври 5, 2024

Банката Силиконската долина банкротира, што е втор најголем банкрот на некоја финансиска институција во историјата на САД. Парите на банката ѝ се запленети откако штедачите, главно вработени во технолошката индустрија, почнаа да повлекуваат пари.

Имотот на банката Силиконската долина е запленет од американската Федерална корпорација за осигурување на депозити, јавува Си-Ен-Ен, кој пренесува дека банката на крајот на минатата година имала имот од 209 милијарди долари.

Две недели пред банкротот, извршниот директор на банката Грег Бекер, продаде 3,6 милиони долари од акциите на компанијата. Тој продаде 12.451 акција на матичната компанија SVB Financial Group на 27 февруари за прв пат по повеќе од една година.
Овој е најголем колапс на една американска финансиска институција во последните 15 години, по колапсот на банката Вашингтон мјутуал за време на финансиската криза во 2008 година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK