октомври 6, 2024

„Кога би дошле до сознание кои се извршители и кои се евентуално нарачатели на ова кривично дело, во тој случај веќе се отвора истрагата и продолжува формалната постапка што си има свои посебни правила на постапување“, вели првиот човек н а Основното јавно обвинителство Гаврил Бубевски во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.

Според него, откако било запалено возилото нема повеќе информации, зашто тој дел не е покриен со соодветен видео надзор.

Во пресметка, како што се претпоставува, меѓу кланоиви од подземјето, неколкумина маскирани влегоа во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија и ги егзекутираа Јетон Кривањева и Енес Исени.

На местото на крвавиот настан се откриени педесетина чаури.

„Колку точно рани има во телата на убиените се знае, но и јас сè уште го немам тој податок, го немам извештајот од судска медицина, но 40 до 50 чаури се пронајдени околу телата на убиените. Најголем дел од куршумите се завршени во нивните тела, односно многу малку се завршени надвор“, изјави Бубевски во емисијата.

Бубевски рече дека засега информациите што ги имаат се оние што ги знае јавноста и дека предистрагата на Основното јавно обвинителство не може да премине во истрага се додека е непознат идентитетот на убијците.

The post Без осомничени ОЈО не може да започне истрага за двојното убиство во Старата скопска чаршија appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK