октомври 6, 2024

Според годишниот извештај за работата на судовите на Судскиот совет во 2022 година од вкупно 27 основни судови низ земјава ажурни се 14, а неажурни 13. Ваквата оценка е врз основа на разликата меѓу бројот на примени и решени предмети во годината.

Основниот суд Охрид 2022 година ја започнал со 4.375 нерешени предмети, во работа примил 17.541 предмети. Од овој фонд за работа решени се 16.363 предмети, а останале нерешени 5.553 предмети. Според тоа не го совладал приливот на предмети и го зголемил заостатокот за 1.178 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Охрид се оценува како неажурен, јави порталот nezavisen.mk.

По систематизација во овој суд се предвидени 18 судии, а во 2022 година биле пополнети 72 проценти од овие места, односно работел со 13 судии.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6-ти март годинава во Основниот суд Охрид активни се 11 судии, а на еден судија позицијата му е во мирување. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 6. Иако бројот на судии за пензија е двајца, моментално нема објавено оглас за ниту еден судија. Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 89 лица.

Основниот суд Охрид, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 51.428 жители, односно минатата година имал еден судија на 3.956 жители, или околу 25 судии на 100.000 жители.

 

Според евиденцијата на пополнети судски места во судовите во земјава на почетокот на 2022 година има 20 помалку судии во однос на претходната 2021 година. На крајот на 2022 година има 68 помалку судии во однос на крајот на 2021 година. Просечно во 2021 година може да се земе број од 493 судии, а во 2022 година 449 судии или за 44 судии помалку.

Во просек сите основните судови на ниво на државава во 2022 година работеле со двајца од тројца потребни судии по систематизација, односно од предвидените 456 судии по систематизација пополнети биле околу 63 проценти.

Судскиот совет како причина за намалувањето на судиите ги наведува природниот одлив поради исполнување на условите за старосна пензија, како и немањето законски услови за избор на нови судии со оглед дека нема кандидати кои ја завршиле Академијата за судии и јавни обвинители.

Бројот на судии во земјава е во постојан пад во последните неколку години од 499 во 2019, на 493 во 2020, 473 во 2021, на 449 судии во 2022 година.

The post Основниот суд Охрид во 2022 година се оценува како неажурен appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK