октомври 6, 2024

На 12.03.2023 во 18.05 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Ф.Р.(49) од Република Косово. Тој се сомничи дека околу 17.30 часот во трговски центар на подрачје на Центар извршил кражба, при што од џебот на Б.Б.(25) од Република Турција, со престој во Скопје, одзел личен предмет.
Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.03.2023 во 21.30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.И.(32) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 20.30 часот на подрачје на Аеродром се обидел да одземе чанти на Е.Д.(37) од Скопје и од нејзината ќерка, но не успеал.

Тој бил задржан во Полициската станица Аеродром и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK