октомври 6, 2024

На доделување на Оскарите вчеравечр впечаток остави интервјуто што манекенката и телевизиска водителка Ешли Греам го правеше со британскиот актер Хју Грант. И тоа беше прогласено за фијаско и катастрофа, зарди дрскоста на Грант. Видеото се врти на Твитер и актерот доби милон критики.

Фановите го искритикуваа Грант на Твитер и го нарекоа најголемиот кретен во Холивуд. Или „Оскарот за типот што тотално не сака да биде таму, го добива Хју Грант“, пишува во еден твит.

Хју Грант, кој беше еден од презентерите на Оскарите 2023, делуваше како да му е мака што е на доделувањето на наградите. Ешли го почна интервјуто со прашањето што му е омилена работа поврзана со Оскарите, а тој вели : „Па, фасцинантно е, целото човештво е тука“. Потоа Греам го праша што ќе му биде највозбудливо да види на доделувањето на наградите, па овој збунет и вели дека не е возбуден и дека му е сеедно за презентациите и наградите.

ESTE MOMENTO, DIOS MIO. #HughGrant#Oscars pic.twitter.com/JaQVnYfWNc

— PCh (@ChiriAnagonye) March 12, 2023

Популарната плус-сајз манекенка го праша Грант каков смокинг носи, на што тој повторно  одговори: „Само мојот костум. Не можам да се сетам на мојот кројач“, рече ѕвездата на Натинг Хил

За да не ѝ пропадне интервјуто, Греам го праша Грант за неговата улога во филмот Knives Out, на што актерот и рече: „Па бев во филмот само околу три секунди“. Манекенката упорна да ја извлече ситуацијата, па праша: „Да, но сепак се појави и се забавуваше нели?“, на што Грант ѝ одговори: „Речиси“.

На твитер пак симатиите ги собра плуссајз манекенката. „Оскарот за најдобра женска улога оди кај Ешли Греам, која му рече на Хју Грант ’ми беше убаво да разговарам со тебе‘“, напиша магазинот „Rolling Stone“. Грант заедно со актерката Енди Мекдауел ја додели наградата за најдобар продукциски дизајн.

And the Oscar for the guy who totally doesn’t want to be there goes to Hugh Grant. #Oscars pic.twitter.com/Gq6Q3n1EEU

— Lance Ulanoff (@LanceUlanoff) March 12, 2023

 

The post Хју Грант е најголемиот кретен во Холивуд: актерот безобразно се однесуваше на интревјуто со Ешли Греам appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK