Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека извршиле дејства на кривично дело грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Тие на 3 март заедно учествувале во дејства на грабнување едно лице во Кисела Вода. Осомничените, на возраст од 30 и 25 години, претходно, по предлог на Обвинителството, а со решение на судот, беа задржани во краткотраен притвор во траење од двапати по 48 часа, со цел обезбедување докази.
Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, особени околности што го оправдуваат стравот дека осомничените ќе се обидат да ги скријат или уништат трагите на кривичното дело, ќе влијаат врз сведоците или ќе го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје сега достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
Следете не, не има насекаде