ноември 23, 2024

Ако подолго време не се лекува, високиот крвен притисок (хипертензија) може да доведе до сериозни здравствени состојби бидејќи дополнително оптоварува одредени органи.

Честиот виновник за хипертензијата е солта бидејќи натриумот предизвикува задржување вода во телото, што го зголемува притисокот на ѕидовите на крвните садови.
Поради тоа, промената во исхраната може да влијае на намалување на крвниот притисок, а студиите покажуваат дека особено делотворно е редовното консумирање сок од домати.
„Студијата покажува дека лицата со ризик фактори за срцеви болести кои секојдневно пиеле сок од домати имале подобрени вредности на дијастолниот и систолниот притисок“, навел д-р Џозеф Амбани.

Меѓутоа, докторот предупредил дека, поради гореспоменатиот внес на натриум, важно е сокот да биде без сол.
„Секогаш ги советувам своите пациенти да користат сок од домати без сол, за да го намалат спротивното влијание на натриумот“, нагласил тој.
Споменатото истражување опфатилo 481 лице од Јапонија, кои една година пиеле несолен сок од домат колку што сакале – просечната количина била 215 милилитри дневно по лице, што е нешто помалку од една шолја.

Просечната старост на испитаниците била 56 години за мажи и 58 години за жени, а утврдено е дека крвниот притисок кај учесниците со нелекувана прехипертензија или хипертензија бил „значително намален“.
„Внесот на несолен сок од домати го подобрил систолниот и дијастолниот крвен притисок и нивото на липопротеини со ниска густина во серум кај локалните жители на Јапонија со ризик од кардиоваскуларни болести“, гласи заклучокот на оваа студија.
Доматот е одличен извор на витамини А и Ц, а богат е и со витамин Б6 за кој се верува дека го разбива хомоцистеинот, аминокиселина која ги оштетува крвните садови.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK