октомври 6, 2024

Ќе остане ли Охрид и годинава без уредени плажи?

Сеуште неизвесна состојбата со плажите на брегот нa езерото.

Планот за охридското крајбрежје кој зависи од Агенцијата за просторно планирање ќе треба точно да одреди на кои делови од крајбрежјето ќе може да има уредени плажи, но за жал како што вели градоначалникот Пецаков според сите параметри и редовните состаноци со засегнатите страни, планот не би се донесол ни во наредните две години додавајќи дека срамота е Охрид во 21-ви век да нема уредени капалишта.

Веќе 2 години плажите не работат а процедурата, како што рече, Пецаков во моментов е закочена поради забелешки и дополнувања доставени од невладиниот сектор.

Министерот за транспорт и врски Бочварски најви дека во тек е изработката на план за кој биле издвоени 30 милиони денари и посочи дека локалната може да ги уредува плажите согласно Генералниот урбанистички план и препораките на УНЕСКО.

Туристичките работници пак посочуваат дека што поскоро треба да се размислува за летната сезона за да не ни се повтори сликата како изминатите години кога градот остана со затворени и запуштени плажи.

The post Ќе остане ли Охрид и годинава без уредени плажи? appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK