октомври 6, 2024

Иако годинава, на 95. доделување на „Оскарите“ немаше црвен тепих, холивудските ѕвезди пред почетокот на шоуто прошетаа по патеката во боја на шампањ.

 

 

 

Одлуката за промена на бојата ја донеле креативните консултанти Лиза Лав, долгогодишна соработничка на Вог и Раул Авила, креативен директор на гламурозната „Мет Гала“ во Њујорк.

 

Црвениот тепих на „Оскарите“ датира од 1961 година, кога се одржало 33. доделување во Санта Моника, но пошироката јавност во полн сјај на телевизија не го видела црвениот тепих сè до 1966 година, кога наградите првпат биле емитувани во боја.

 

Но и на тепихот во боја на шампањ, со своите гламурозни и елегантни костими, се истакнаа познатите актерки кои носеа креации на реномирани модни дизајнери. Тие во неделата на „Оскарите“ блекаа во светкавите тесни фустани, во фустани во тонови на скапоцени камења, во различен колорит, истакнувајќи ги смелите избори што ги направиле.

 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK