октомври 6, 2024

ТВ Алфа како медиум на Вардарскиот четнички корпус чија цел е политички и културно да го србизира македонскиот народ во последните денови влезе во отворена битка со мене. Значи сум ја погодил целта!

Љубчо и ВМРО Народна поголго време е во судир со АЛФА

ВМРО-Народна партија на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски и актуелен коалиционен партнер во власта побара од националната телевизија Алфа ТВ да не биде тенденциозна во известувањето за односите со Бугарија и да ја намали содржината на емитување на филмови со југословенска продукција.
Поради ова ВМРО НП го повикува и Советот за радиодифузија да се позанимава со прашањето со емитувањето на југословенски филмови.
„ВМРО-Народна партија ги поздравува оние медиуми и општествено политички и активни граѓани кои придонесуваат во смирување на односите со соседна Бугарија, особено после ескалацијата околу 4-ти февруари, а во интерес на нашиот пат кон Европската интеграција.

За жал сеуште има такви медиуми, би ја издвоиле „Алфа Тв“ која во својата реторика продолжува со создавање на подбуцнувачка атмосфера, а посебно фрапира речникот со кои ги коментира македонските граѓани кои сакаат да се декларираат како Бугари. Реторика која се граничи со шовинизам.

Од друга страна пак и скромниот поглед на нивната содржина особено културно-забавната и филмската програма јасно ја отсликува целта на „Алфа Тв“ да го воспева југословенското, тоталитарно минато се со цел културно-забавно србизирање на македонскиот народ.

Го повикуваме Советот за радиодифузија да ја изанализира оваа нескриена цел на оваа таканаречена македонска телевизија“, пишува во партиското соопштение.

Љубчо Георгиевски влезе на свој начин во конфронтација со АЛФА ТВ

Од оваа банда не се уплашив ни девеесетите, а уште помалку сега.

Љубчо Георгиевски влезе, на свој начин, во конфронтација со АЛФА ТВ

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK