– Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков коментирајќи го американскиот воен буџет, во кој се предвидени 800 милиони долари воена опомош за Украина, истакна дека мерката е „јасно конфронтирачка во однос“ на Русија.
Американскиот Конгрес го усвои предлогот на Законот за национална одбранбена политика за 2023 година, со вкупна вредност од 858 милијарди долари, врз основа на кој следната година ќе биде испратена нов пакет безбедносна помош во износ од најмалку 800 милиони долари до Украина.
Предлог-законот се очекува да помине во Сенатот и во Претставничкиот дом овој месец, по што ќе биде испратен на потпис до американскиот претседател Џо Бајден за да биде формално усвоен.
Следете не, не има насекаде