октомври 6, 2024

Рентгенот на заб, пациентите од струмичко повеќе нема потреба да го плаќаат на приватно. По апартот за рентген панорама за снимање на горна и долна вилица, ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица набави и мобилен рентген апарат за снимање на заб. Опремата е набавена со сопствени средства од установата и треба да овозможи квалитетна дијагностика само со партиципација.
Директорката на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица, д-р Љубица Митева вели дека освен на стоматологија, нови инвестиции има и во Службата за вакцинација во која за прв пат е обезбеден агрегат за чување на вакцини, а неколку други служби добија нова столарија која треба да овозможи поголема енергетска ефикасност.

Од неодамна беа подобрени и условите во Итната медицинска помош. За прв пат од како постои службата просториите во кои таа е сместена беа целосно обновени и реконструирани.

The post Ова ли е тоа Европско Здравство?!- Во Струмица денес донесен ренген за снимање заб !!!! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK