октомври 6, 2024

Трговците велат дека откако поскапи храната, немаат дерман од лепливите прсти и во просек барем еднаш дневно се соочуваат со вакви непријатни ситуации. Не помагаат ни камерите, посебното обезбедување, а во последно време и таканаречените „зуилки“ што се ставаат на баркодовите на поскапите артикли

Калапи сирење и кашкавал, путер, конзерви риба, чоколади и енергетски пијалаци се производите што најчесто се крадат од полиците на маркетите. Нема податоци за колкави количества станува збор и каде што завршуваат украдените производи, но дел од трговците за „Слободен печат“ откриваат прецизни податоци според кои изминатиот период се повеќе стари луѓе се решаваат да земат храна и да не платат. Дури ќе ви кажат и дека се работи за група граѓани меѓу 65 и 80 годишна возраст, кои ризикуваат и в џеб најчесто пикаат сирења, кашкавал и конзерви- јавува Слободен Печат.

Младите, пак, го имаат пикот на чоколадите и енергетските пијалаци. Трговците велат дека откако поскапи храната, немаат дерман од лепливите прсти и во просек барем еднаш дневно се соочуваат со вакви непријатни ситуации. Не помагаат ни камерите, посебното обезбедување, а во последно време и таканаречените „зуилки“ што се ставаат на баркодовите на поскапите артикли.

Најчесто на удар се отворените фрижидери во кои стојат сувомесните и млечни производи. Забележливо е дека од продавниците сосема исчезнаа предупредувањата „дека украдената стока се наплатува десеткратно“, оти тоа било незаконски, а и немало големо фајде од нив. Трговците додаваат дека меѓу крадците има и такви кои тоа го прават „од навика“. Од МВР за „Слободен печат“ велат дека немаат зголемен број пријави за кражби на храна по маркетите.

The post Во Македонија краде и старо и младо: Во џеб се пикаат сирења, салами и конзерви appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK