Oвие лица стануваат и агресивни ако не им се дадат пари…
Велешани реагираат за дивите наплатувачи на паркинг просторот пред судот. Оваа појава е присутна неколку месеци, откако беше укинат платениот паркинг. Оваа проблематика ја актуелизираша и советникот Даниел Јаневски.
„Веројатно имаат и зголемен обем на рaбота. Беше еден сега се тројца“ –коментираше Јаневски. Додаде дека овие лица стануваат и агресивни ако не им се дадат пари.Тој бараше од заменикот командир на ПС Велес, Игор Јовановски, кој го бранеше извештајот за работа за 2022 година, на седница на Совет, да преземат мерки, оваа појава да се реши.
„Запознати сме со оваа појава. Имаше и допис од градоначалникот до ПС Велес за преземање на соодветни мерки. Ги имаме идентификувано, познати ни се . Нашето постапување се сведува на избркај ги, ама тие се враќат. Но бараме помош од граѓаните, некој кому му се наплатени пари за ова,да пријават за да може да поднесеме кривична пријава за лажно претставување. Така може да се реши, дали ќе биде трајно..Лицата се предупредувани, беше еден, па двајца, сега може да се тројца. Ќе преземеме соодветни мерки – рече Јовановски.
Таква ситуација беше и со просјачењето на крстосницата кај бензинската. Иако уште веднаш имаше реакции од јавноста и барање за брзо решавање на овој проблем, полицијата не презеде ништо. Затоа таму сега, неколку години просјачењето на деца е секојдневие.
Јавува:ПетарПечков
The post Полицијата ги знае, но не може засега да го реши проблемот со дивите наплатувачи за паркирање appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде