ноември 21, 2024

Следната недела во Собранието започнува дискусијата за Буџетот за 2023 година. Продолжува демократскиот процес на носење на најсеопфатниот план на политики и мерки на Владата во текот на една фискална година. Очекувам интересот за дискусија годинава да биде голем, со оглед на тековниот глобален контекст, но и новите карактеристики на буџетот, поради новиот Закон за буџети.

Добро е да има дискусија. Борбата на мислења е секогаш добредојдена и ќе истакнам – витална во носењето на важни одлуки. Транспаретноста е вториот клучен елемент. Оттаму, во домот на демократијата, тимот на Министерството за финансии и јас како министер, отчетно и транспарентно ќе го образложиме и браниме предлогот пред народните избраници. Ќе истакнам, покрај билансот на приходи и расходи, ќе зборуваме за еден многу поширок концепт на политики, бидејќи неопходно е прво економијата да закрепне, а потоа и да се постават соодветни политики за забрзување на растот и консолидација на јавните финансии на среден рок.

Изминатите три години нашата економија, како и останатите економии во светот, минува низ крупни предизвици. Пандемијата, а понатаму и енергетската криза и ценовните притисоци, засилени со неизвесноста која ја донесе војната во Украина, беа реална причина зошто не се реализираа посакуваните економски резултати. Но, тоа не значи дека по стабилизирање на глобалните движења, поставените стратегии и планираните алатки и мерки нема да ги дадат целните резултати понатаму. Кога зборуваме за економски раст и развој, тоа не е процес кој може и треба да се постигне само за една година, туку долгорочен процес на структурни промени кои ќе дадат одржливи резултати. Среднорочниот карактер на буџетот и неговото поставување врз стратешки документи како Планoт за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, Планот за јавни инвестиции и Планот за забрзан економски раст, како генерална рамка, е значаен чекор во напорите за постигнување на целите.

Меѓународните институции како пресечна точка за иднината на глобалната економија, особено за помалку развиените и економиите во развој, ја гледаат ковид-19 кризата. И покрај тоа што изгледа дека ефектите од пандемијата се надминати, економските предизвици со кои сега се соочува светската економија, односно високиот ценовен раст и стапките на инфлација, како и предизвиците во обезбедувањето на енергија, имаат поврзаност или се одложени ефекти од ковид-кризата. Во Извештајот за глобален раст 2022 на Светската банка, се истакнува дека економиите во развој по ковид-кризата останаа со ограничен фискален простор и сега се уште поранливи на процесот на нормализација на монетарната политика во развиените економии. Во Извештајот се посочува потребата од рано откривање на скриените финансиски ризици, бидејќи билансите на секторите домаќинства, корпоративниот сектор, финансиските институции и владите се тесно поврзани. Исто така, се укажува на потребата на реструктуирање на долгот, како и обезбедување на пристап до финансии. Г-20 групата како приоритети во пост-ковид периодот ги истакнуваат подготвеноста да се делува во делот на здравството, дигитална трансформација и вклучување на микро, малите и средните претпријатија во дигиталниот екосистем, како и одржлива енергетска транзиција кон почисти извори на енергија.

Ако се гледаат заедничките аспекти на економските теории за економски раст – класичната, неокласичната и модерната, кај сите нив развојот на технологијата и иновациите се посочени како двигатели за забрзување на екомскиот раст. Исто така, тука се инвестициите, како во физички така и во човечки капитал. На пример, класичната теорија на Смит и Рикардо, економскиот раст го темели врз акумyлација на капитал, реинвестирање, специјализација и иновација. Неокласичното гледиште е дека економскиот раст е резултат на три фактори – труд, капитал и технологија. Модерната теорија на економски раст гледа на иновациите и науката како движечка сила за поттикнување на економскиот раст. Имено, ендогените теории на економски раст, кои укажуваат дека двигателите на растот се вградени во рамките на системот, односно зголемувањето на иновациите и човечкиот капитал генерираат нов потенцијал за раст и со тоа надминување на опаѓачките приноси на ограничените ресурси како фактори на производство.

Разгледувајќи ги сите овие фактори во современото пост-ковид окружување и осврнувајќи се на специфичните карактеристики на нашата економија, во оваа колумна разработувам неколку поопшти, но суштински размислувања за насоките за повисок економски раст кај нас. Во продолжение, пет клучни чекори за забрзување на економскиот раст.

1. Постепена, но спроведлива фискална консолидација

За да зборуваме за забрзување на економскиот раст и користење на јавните финансии за стимулација на растот, пред се треба да постоифискален простор. Пандемијата, а потоа и енергетската криза, влијаеа на покачување на нивото на јавниот долг кај најголем дел од земјите во развој (по пандемијата кај земјите од Југоистиочна Европа јавниот долг беше покачен во просек за десетина процентни поени). Со ова фискалниот простор за дејствување се стесни и препораките на меѓународните финансиски институции за овие економии беше фискалниот одговор во енергетската и ценовната криза да биде таргетиран, со цел да се одржи макроекономската стабилност.Заклучуваме дека фискалната консолидација е нешто што неизбежно мора да се случи за да можеме да зборуваме за економски политики кои ќе го стимулираат економскиот раст.

Но, од друга страна, силното фискално затегнување, особено во време кога економскиот раст забавува, може да предизвика контракција на економијата и негативни последици. Оттаму, по надминувањето на првиот и најсилен удар од пандемијата, започнавме со постепено намалување на буџетскиот дефицит. Со новиот предлог-буџет за 2023 година, буџетскиот дефицит се намалува за 0,7 процентни поени во однос на проекцијата за 2022 година. Наша цел е на среден рок тој постепено да се сведе под 3%, односно под Мастрихшкиот критериум.

Повеќе пати имам пишувано за стратегијата како да дојдеме до стеснување на дефицитот, односноразликата помеѓу приходите и расходите, а без притоа да наштетиме на економскиот раст. Сепак, вредно е повторно да спомнеме дека тоа може дасе постигне преку комбинирани мерки. Овие мерки вклучуваат подобрување на наплатата на буџетските приходи, преку зајакнување на административните капацитети и подобрување на услугите на УЈП и на Царината, мерки за намалување на сивата економија и даночна реформа. Исто така, се оди и кон намалување и реструктурирање на буџетските расходи, намалување на тековните расходи и ревидирање на методологиите за трансфери и субвенции. Во таа насока, веќе е донесен Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст. Дополнително, мерките на расходната страна, покрај штедење, предвидуваат и подобрување на квалитетот на расходите, односно зголемување на уделот на капиталните расходи во вкупните (како што е и во Предлог-буџетот за 2023 година), поголема поддршка на приватниот сектор и поддршка на иновациите и зајакнување на конкурентноста.

Трет дел од мерките за фискална консолидација се однесуваат на промена на изворите за финансирање на буџетскиот дефицит, но и финансирање и реализација на одредени проекти преку јавни-приватни партнерства, Развоен фонд за стратешки инвестиции и мобилизирање финансиски капитал од меѓународни финансиски институции, како и преку приватниот сектор. Добар пример за третиот вид на мерки е овогодинешното менаџирање со должничкото портфолио за финансирањето на дефицитот, во едно исклучително тешко окружување во кое цената на капиталот нагло порасна, поради затегнувањето на монетарната политика од страна на големите централни банки. Имено, со комбинација на досега неприменуван инструмент – обврзници на германскиот пазар на капитал, користење на средства преку Инструментот за претпазливост и ликвидност на ММФ (изминатата недела Собранието го усвои Предлог-законот со кој ќе се овозможи да ни се стават на располагање 530 милиони евра во период од две години), како и средства од домашниот пазар на капитал, само по основ на камати, заштедени се неколку десетици милиони евра.

Исто така, во насока на диверзификација на изворите за финансирање, ќе се работи на унапредување на финансискиот пазар на државни хартии од вредност, за што ќе се осврнам подетално понатаму во текстот.

Со новиот реформски Закон за буџети, се поставуваат механизми за контролирање на јавниот долг и дефицитот. Законот овозможува воведување фискални правила за долгот и буџетскиот дефицит, а се поставува и законската основа за формирање на Фискален совет – независно тело кое ќе го контролира спроведувањето на фискалните правила.

2. Добра стратегија и план за забрзање на економскиот раст

На претходната порака и насока се надоврзува и следната. За забрзување на растот потребни се финансии, потребни се инвестиции, свеж капитал, за кој треба да се бараат и други извори покрај јавниот сектор. Затоа, потребна е добра стратегија и план за ова.

Стратегијата за закрепнување на економијата, забрзан и одржлив раст (SmartER Growth), на која се засниваПланот за заздравување и забрзан економски раст, се состои од четири столба: (i) економско заздравување, (ii) забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, (iii) зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и (iv) развој на човечките ресурси и еднакви можности. Во рамки на оваа стратегија најважни семерките за одржливост на јавните финансии, инвестиции во човечкиот капитал, инвестиции во физичкиот капитал, односно во инфраструктурата, во дигитализацијата, рамномерен локален и регионален развој, одржлива и здрава животна средина.  

Планот за заздравување и забрзан економски раст се базира на принципот на Јункеровиот план, односно покрај јавниот, мобилизирање и на приватниот капитал и негово ставање во функција на економскиот развој. Преку креирање и користење на нови механизми, инструменти, фондови и извори на финансирање, целта е да се создаде мултипликативен ефект и да се мобилизираат неколкукратно повеќе средства и инвестиции од приватниот сектор, покрај инвестициите од јавниот сектор. Развојни фондови, фондови за поддршка на иновации, гарантни фондови, еквити фондови, фондови за ризичен (venture) капитал и слични инструменти за поддршка на извозни компании, мали и средни претпријатија, како и социјални претпријатија, јавно-приватни партнерства, концесии и други инструменти се дел од овој план. Со средствата ќе се подржат проекти во јавниот и приватниот сектор кои ќе значат подобрување на конкурентноста на економијата и подобрување на квалитетот на живот, животната средина, дигитализацијата, иновациите, човечкиот капитал и општествената инклузивност.

Во насока на диверзификација на изворите за финансирање е и развој на домашниот пазар на капитал, преку воведување на нови видови на финансиски инструменти кои ќе имаат различна примена. Планирано е воведување на „развојни обврзници“ со кои ќе се поттикне финансирањето на развојните проекти во земјата. Граѓаните ќе можат да ги пласираат своите заштеди во овие најсигурни финансиски инструменти, да остварат принос, а со тоа и да се намали готовинското штедење и да се поддржи економскиот раст. Планирано е воведување и на „зелени обврзници“, наменети за поттикнување и поддршка на проекти за унапредување и заштитата на животната средина. Исто така, планирано е воведување на „проектни обврзници”, кои ќе бидат алтернативен начин за финансирање на проекти поврзани со инфраструктура, наменети за институционалните инвеститори.

3. Инвестиции во човечкиот и физичкиот капитал

Инвестициите, јавни и приватни – се моторот на економскиот раст и развој. Инвестирањето, како во човечкиот, така и во физичкиот капитал, е оној мултипликативен дел од равенката за бруто-домашниот производ. Оттаму, фокусот го ставаме на инвестициите, вклучително и со новиот предлог-буџет.

Инвестициите во човечкиот капитал се издвоени како еден од петте клучни приоритети на Владата. Ќе посочам дека со техничка помош од Светска банка, работиме на Стратегија за развој на човечкиот капитал, со што земјава се издвојува како прва во регионот која ќе добие ваков стратешки документ.

Во однос на инвестициите во развој на инфраструктурата, нашата заложба е со секој буџет тие да бидат повисоки. Структурата на буџетот се менува во интерес на развојната компонента. Инвестициите со секој следен буџет се зголемуваат. Иако во јавноста на повеќе наврати се истакнува реализацијата на инвестициите, мора да се истакне дека и со планирањето на повисока сума, се поттикнува повисока реализација. Исто така, имплементирани се механизми, како КАПЕФ, кои имаат за цел да ја поттикнат реализацијата како процент од планираната сума.

Следната година имаме планирано за околу 50% повеќе капитални расходи во однос на тековната година. Конципирајќи го овој буџет се водевме од „златното правило“ во јавните финансии – задолжување, односно дефицит, само во функција на поддршка на нови инвестиции.

4. Дигитализација

Дополнително стимулирање на економскиот раст може да се постигне преку дигитализацијата. Дигитализацијата е препознаена како движечка сила на економскиот раст во современите услови, како во развиените, така и во економиите во развој. Таа е катализатор на растот на продуктивноста на трудот и капиталот, како и начин да се добијат производи и услуги по пониска цена. Дигитализацијата во јавниот сектор ќе ги подобри услугите кон приватниот сектор и ќе ги поедностави процедурите, додека во приватниот сектор ќе ја поттикне иновативноста и конкурентноста.

Во оваа прилика ќе се осврнам на дигитализацијата во јавните финансии, конкретно на интегрираниот информациски систем-ИФМИС, кој се уредува со новиот Закон за буџети. Овој систем треба да ја подобри ефикасноста и транспарентноста на операциите на управувањето со јавните финансии преку транзиција од постоечките фрагментирани и исклучени системи на централизирана заедничка платформа базирана на веб. ИФМИС се очекува да ја поддржи измената на правната и институционалната буџетска рамка и да одговори на постојните предизвици преку проширување на опфатот на следење на извршувањето на буџетот и фискалното известување, опфаќајќи ги сите фази од циклусот на расходите (од набавка до плаќање), како и навремено добивање на консолидирана слика за јавните расходи. ИФМИС ќе овозможи, меѓу другото, воспоставување на повеќегодишна буџетска рамка, воведување на функција за управување со јавните инвестиции поврзана со идниот систем за јавно-приватни инвестиции, автоматизиран систем за надзор над обврските, вклучувајќи повеќегодишни обврски и централизирани податоци за преземените обврски, управувањето со основните средства и управувањето со долгот.

Понатаму, неговото интегрирање ќе овозможи сеопфатна и навремена достапност до податоците за јавните финансии, што ќе придонесе кон зголемена ефикасност во проeктирањето на ликвидноста и управувањето со финансиските текови во однос на буџетот. Во Собранието изминатата недела беше усвоен закон со кој ќе се оствари соработка со Светската банка за реализација на овој проект.

5. Одржливост

Од почетокот на последната криза, клучниот збор е секако „одржливост“. Одржлива енергија, одржливо земјоделство, одржливи финансии се актулените теми кај носителите на економските политики. Одржливоста е сплет на паметни и прилагодливи политики кои би дале резултат на подолг период. Оттаму, дискусијата и спроведувањето на овие политики се од ислучитечно значење за постигнувањето на посакуваниот забрзан и одржлив раст. Во рамки на инвестициската агенда, секако го земаме и овој аспект, додека кај финансиите покрај фискалната консолидација, се и развојните буџетски политики и фискалната децентрализација.

Отпорност во криза и забрзан раст потоа

Забрзувањето на економскиот раст секако нема единствена формула, но чекорите кои ги обработувам имаат важна улога во неговото постигнување. Доследноста на реализацијата на политиките, исто така е клучна во целокупниот резултат. Важно е да се делува, чекор по чекор, а понатаму и да се забрза реализацијата. Тоа е патот до економскиот развој и подобар животен стандард за сите нас граѓаните.

Конзистентноста, посветеноста и истрајноста се клучни за успехот. Тоа е слично како и човечкиот организам особено карактеристично за спортистие. Тие мора постојано да се подготват за да го одржат организмот во одлична физичка кондиција за да може да го издржи напорот и успешно да ја постигнат целта со подобар резултат! Така и во економијата, постојано работиме на реформи и политики кои ни овозможуваат да го одржиме растот во време на криза и да го забрзаме истиот на среден и долг рок.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK