Пензионираната професорка од Филозофскиот факултет, Виолета Ачкоска, која имаше објава на социјалните мрежи дека матурант бил отруен со дрога ставена во пијалак од понеделникот, денес била на разговор во полиција.
На полицајците им кажала дека сфатила дека направила грешка. Вчера, таа го повлече објавениот статус, откако тој имаше стотици споделувања и коментари.
„Денеска (16.03.2023) во полициска станица при СВР Скопје бил извршен службен разговор со В.А., поради наведени податоци дека гимназијалец бил отруен со дрога ставена во пијалак, во објавен статус на социјалната мрежа Фејсбук, а со цел да се обезбедат евентуални дополнителни податоци во врска со случајот кои лицето може да ги има. В.А. во разговорот појаснила дека нема информација за таков настан, туку дека слушнала муабети од деца, а кога новинари телефонски ја повикале да поразговараат на темата, тогаш сфатила дека направила грешка и го избришала статусот“, соопшти МВР.
Во врска со случајот од страна на СВР Скопје ќе биде известено Основното јавно обвинителство Скопје, со цел добивање насоки за понатамошни мерки и активности.
The post Професорката Ачкоска заврши во полициска станица по објавата дека матурант бил отруен со дрога во пијалак, сфатила дека направила грешка. appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде