Холивудската актерка Салма Хајек оваа годинава на доделувањето на Оскарите беше во придружба на нејзината ќерка Валентина. 15-годишната Валентина беше облечена во долг црвен фустан кој нејзината мајка го носела пред 25 години на гала настан во 1997 година.
56-годишната актерка фустанот го носела на гала настанот „Fire&Ice“ во Холивуд. Фустанот со црвен корсет е дизајн на Исак Мизрахи.
Салма за Оскарите одбра црвен светкав фустан од модната куќа „Гучи“.
Валентина Палома Пино е ќерка на познатата мексиканска актерка и нејзиниот сопруг, францускиот милијардер Франсоа Анри Пино.
The post Ќерката на Салма Хајек го облече истиот фустан кој го носела мајка ѝ пред 25 години appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде