ноември 24, 2024

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска, по посетата на скопски маркет заедно со премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски, најави дека најверојатно во април ќе следуваат нови мерки за намалување на цените.

Како што нагласи Бектеши, анализите се прават на дневна основа и нема да се дозволи никакво профитирање, а уште помалку кризата да биде врз грбот на граѓаните.

-Министерството за економија ќе подготви информација за секој производ и согласно тоа ќе се креираат нови мерки кои ќе следуваат најверојатно во април. Мерките ќе бидат насочени кон стопанството и граѓаните, рече Бектеши.
Според него, внимателно се следат сите случувања на цените, посебно на прехранбените производи.

Бектеши уште еднаш ги повика производителите и увозниците да почнат со намалување на цените, напоменувајќи дека во тој случај ќе има простор и државата да им излезе во пресрет со поддршка за да ја задржат и зголемат конкурентоста.
-Општествено одговорни компании како оние од млечната индустрија треба да бидат поддржани за да се зголеми нивната конкурентност, зошто да не почнат со инвестиции за креирање нови работни места и поголем извоз, истакна министерот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK