Меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои не гласаа за амнестија на уставобранителите се Александар Николоски, Никола Мицевски, Олга Лозанковска, Ели Панова, Иванка Василевска, Силвана Ангелевска, Mирче Аџиоски и Иван Стоилковиќ.
За амнестија на уставобранителите гласаа и пратениците Павле Трајанов претседател на Демократскиот Сојуз и Љупчо Балковски од ВМРО-Народна- Јавува МакедонскиВесник.
За гласаа и двајцата пратеници на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов.
Од која причина сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за слобода на уставобранителите иако го поддржаа и тие го поднесоа законот останува непознато.
Се поставува дилемата дали овие пратеници се оние проевропски пратеници кои се спремни да гласаат за уставни, а за кои во неколку наврати говорат високи претставници на власта.
Токму координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој не гласаше за амнестија на Уставобранителите во гостување во Радио Слободна Европа изјави дека нема никаков проблем со влез на Бугарите во Уставот.
– Апсолутно не сме против внесувањето на Бугарите во Уставот, ние го кажавме нашиот став, меѓутоа има многу работи во Договорот кои што се основа на сите асимилаторски и негаторски претензии на соседна држава кон нас. Нека се решат сите спорни прашања по однос на тоа. Апсолутно не сме против Бугарите и не само против Бугарите, туку и другите за внесување во Уставот, изјави Мицевски.
The post Осум пратеници на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и потпретседателот Николоски не гласаа за амнестија за уставобранителите! appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде