декември 3, 2024

Македонскиот рекордер Горан Пандев (122 меча – 38 гола), кој годинава замина во фудбалска пензија, една година после заминувањето од националната репрезентација, е воодушевен од Португалија после синоќешната моќна победа со 5-1 против Швајцарија и „европските Бразилци“ ги посочи како можни освојувачи на СП во Катар.

Пандев после величенствената дводецениска кариера во која остави силен белег во италијанското Калчо (скоро 500 меча, над 100 гола), ланското лето се пензионираше од македонската репрезентација на Еуро 2020, а годинава стави крај на кариерата. Тој на гостување за регионалната телевизија „Спортклуб“ од Италија посочи дека Италијанците и девет месеци после чудото во Палермо не може да ја преболат Македонија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK