Закана за поставена бомба, пред половина час пристигнала на мејлот во генералната дирекција на Народна банка на Македонија (НБРМ).
ЗАКАНИ ЗА ПОДМЕТНАТИ БОМБИ: УЈП, Централен депозитар, Централниот регистар за хартии од вредност, КИБС, КАСИС…
Извори за НоваТВ, сведочат дека во моментов се евакуираат вработените од повеќе финансиски институции сместени во овој објект во Скопје.
Вработените од УЈП, Централен депозитар, Централниот регистар за хартии од вредност, КИБС, КАСИС, масовно го напуштаат објектот.
Полицијата е на терен и ги утврдува деталите за заканата. Ова е прва закана со бомби во јавни институции по неколку неделните закани со бомби во училиштата.
Следете не, не има насекаде