ноември 23, 2024

Возачот Ангелчо Николов кој ја прегази 11-годишната Магдалена и ја усмрти, доби 18 години затвор за двете дела за кои се гонеше од Обвинителството.

За Николов немаше олеснителна околност, бил казнуван за сообраќајни прекршоци и претходно

Во предвид ги зеле последиците, смртната последица, однесувањето на сторителот откако ја прегазил Магдалена и нејзината мајка, како и умислата

СЕРИОЗНА КАЗНА | 18 години затвор за возачот кој пијан усмрти дете од Велес

Николов исто така останува и во притвор поради можноста да го повтори делото.

Во предвид ги зеле последиците, смртната последица, однесувањето на сторителот откако ја прегазил Магдалена и нејзината мајка, како и умислата.

„Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот е предвидена казна од најмалку четири години, што значи дека затворот не може да биде подолг од 20 години. За неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода е предвидена парична казна или казна затвор до една година. Во однос на одмерување на санкцијата, судот нема апсолутна слобода, туку има законски пропишана казна согласно Кривичниот законик. Судот не носи закони, туку спроведува закони“ – беа зборови со кои беше појаснета висината на казната.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK