Шенен Доерти (51), која со години се бори со ракот, се пожали дека го изгуби здравственото осигурување. Глумицата позната по улогата на Бренда Волш во серијата „Беверли Хилс, 90210“, боледува од рак на дојката, малигно заболување кое ѝ се врати пред две години откако во 2017 година влезе во ремисија.
Таа рече дека синдикатот на актерите SAG-AFRTA одбил да ѝ ги плати трошоците за лекување затоа што минатата година не заработила 26.470 долари, што е минимум за да се квалификува за здравствено осигурување.
„Работам од мојата десетгодишна возраст и редовно ја плаќам членарината во синдикатот, а кога веќе не можам да снимам поради болест, никој не се грижи за мене. Мислам дека можеме ѝ мораме подобро“, рече Шенон.
Додаде и дека правото на здравствено осигурување не смее да се врзува со висината на приходите во последната година, бидејќи на тој начин секој е осуден да остане без право на лекување во борбата против долго и тешко боледување.
„Во 2015 година ми беше дијагностициран рак на дојка, направив мастектомија ѝ бев на хемотерапија и зрачење. Имав чести крварења од носот поради хемотерапијата. Не сум сигурна дали некој од вас го има доживеано ова. Бев и многу уморна. Се расположив додека ги облеков смешните пижами што ми ги подари мојата пријателка Кристи. Изгледав смешно и можев да се смеам на себе. Хуморот ми помогна да го надминам она што изгледаше невозможно. Се надевам дека сите ќе најдеме хумор во невозможното“, рече Шенон.
За потсетување на актерката првпат ѝ беше дијагностициран рак на дојка во март 2015 година, а мастектомија направи во мај 2016 година. Во февруари 2020 година, таа откри дека болеста е во четврта фаза.
The post Глумицата Шенон Доерти која се бори со ракот го изгуби здравственото осигурување appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде