Супермоделот Наоми Кембел (52) се соочи со критики за објавување серија монтирани фотографии од Оскарите. На забавата на Vanity Fair се појави во крем фустан, а фановите брзо забележаа дека фотографиите на „Инстаграм“ се многу поразлични од оние на црвениот тепих.
На првата фотографија главата и носот на Кембел изгледаат многу помали и непропорционални со телото. Вилицата и изгледаше малку искривена кај брадата, а кожата и беше измазнета и осветлена.
Уредувањето на сликата изненади многумина кои ја замолија да ги објави оригиналните фотографии.
„Господ нека ни е на помош ако дури и Наоми мисли дека и треба фотошоп. Таа е беспрекорна таква каква што е. Нема потреба од промени. Не сака да го прифати фактот дека старее“, беа некои од критичарите, а имаше и такви кои застанаа во нејзина одбрана и акцентот го ставија на нејзината кариера.
„Претпоставувам дека тоа се случува кога целиот живот се врти околу твојот изглед, а таа е навикната професионалните фотографии да бидат фотошопирани. Британската убавица е една од најбараните манекенки во последните четири децении, доминирајќи на модните писти и ги красеше насловните страници на речиси секое списание за висока мода“, биле тие кои ја поддржаа.
The post Наоми Кембел ја обвинија за фотошоп appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
