мај 13, 2026

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО АЛБАНИЈА
ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА КАМБАНАРИЈАТА ВО МАКЕДОНСКИОТ МАНАСТИР “СВЕТА МАРЕНА” ДО ТУМИНЕЦ

Со благослов на корчанскиот владика г. Јован, денес во манастирот “Света Марена” (Марија) до селото Туминец, во областа Мала Преспа во Албанија, започна со изградба манастирската камбанарија.

Камен темелникот на камбанаријата, во присуство на Македонци од Мала Преспа, го освети отец Топи Аргири од Корчанската Митрополија.
Донатори на камбанаријата се Македонците од Канада кои организираа Македонска донаторска вечера во Торонто, токму за собирање средства за изградба на камбанаријата во македонскиот манастир “Света Марена” до село Туминец.
Македонската православна црковна општина “Света Недела“ од Канада, на 28 јануари годинава организираше донаторска вечер со цел собирање средства за македонскиот манастир “Света Марена“ до село Туминец, Мала Преспа.
На донаторската вечер учествуваа Македонци со потекло од Албанија и од цела Македонија и беа собрани 20.000 канадски долари за помош на македонскиот манастир “Света Марена“ до село Туминец.

The post МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО АЛБАНИЈА ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА КАМБАНАРИЈАТА ВО МАКЕДОНСКИОТ МАНАСТИР “СВЕТА МАРЕНА” ДО ТУМИНЕЦ appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK