мај 13, 2026

Реката Вјоса во Албанија од границата со Грција до Јадранското Море и нејзините притоки, речен систем повеќе од 400 километри должина, е прогласена за национален парк, соопштија од Македонското еколошко друштво (МЕД).

„Голема победа за природата! Им честитаме на колеги од ЕутоНатур, Ривервоч, ЕкоАлбанија, и Медитеранскот институт за природа и антропос, кои се дел од неверојатниот успех и историски подвиг“, велат од МЕД.

Ова е единствен ваков пример за Европа.

„Оваа победа доаѓа по 10 години непрекината борба и ќе продолжи со борбата да се заштитат сите слободнотечечки притоки и делтата на Вјоса“, изјавил Анет Шпангенберг од ЕуроНатур.

Прогласувањето за национален парк на реката не е важено само за Албанија, туку и за зачувувањето на реките на цела Европа, изјавил Улирх Ајхелман од Ривервоч.

Реката Вјоса  извира од планините во Грција, каде се вика Аоос, а тече низ Албанија до Јадранското Море.

The post Реката Вјоса во Албанија прогласена е за национален парк appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK