мај 13, 2026

Младиот уметник Драган Божино вечерва во „Јуроп Хус Скопје“ ќе има изложба на уметнички дела направени од ПМ10 честички.

Изложбата е насловена „Асфиксија“. Уметничките слики создадени се од ПМ10 честички кои се земени од надворешен прочистувач Аеро С, првонаградуван на Еконова2021 и поставен во Општина Центар.

„Затвори очи…но, затвори и нос и уста…па замисли…замисли сивило. Тоа е она сивило од воздухот кое ни станува секојдневие и кое опасно, без најава и дозвола навлегува во сите пори на живеењето. Сега дојди и види“, стои во најавата за уметничката изложба.

Изложбата е поддржана од кампањата Зелен Договор и Општина Центар и започнува во 19 часот.


The post Уметникот Драган Божино со изложба на слики направени од ПМ10 честички appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK