мај 13, 2026

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврди дека ќе биде уапсен во вторник поради обвиненијата дека и платил на порно актерката Сторми Даниелс да молчи за нивната наводна афера.

ТРАМП: „ЌЕ БИДАМ УАПСЕН ВО ВТОРНИК! НОВ ЗАПЛЕТ ВО АФЕРАТА СО ГЛУМИЦАТА ВО ФИЛМОВИ ЗА ВОЗРАСНИ

Адвокатите на Трамп, наводно, и платиле на Даниелс да молчи пред шест години, а њујоршките обвинители размислуваат дали има основа за покренување обвинение, пишува Дејли мејл.

Трамп на својата медиумска платформа рече дека обвинителството на Менхетен ќе го уапси во вторник поради овие наводи.

Тој рече дека се работи за политички мотивирана акција бидејќи, како што тврди, приказната за неговите пари е „стара“, а ги повика своите поддржувачи на протести.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK