мај 13, 2026

Поради топлотниот удар кој зафати неколку региони на Аргентина, едно училиште во градот Росарио донело необична одлука, учениците од пониските одделенија можат да доаѓаат на училиште во костим за капење.

Им е дозволено да се полеваат со вода за време на паузата, објавија локалните медиуми.

Топлотен бран веќе две недели ја погодува провинцијата Буенос Аирес и уште неколку провинции на северот на Аргентина, соборувајќи температурни рекорди.

Ова е најжешкото лето од почетокот на мерењата во 1906 година во Буенос Аирес, односно најтопло од 1961 година на ниво на целата земја.

Поради горештините, многу училишта минатата недела ја прекинаа наставата, бидејќи многу од нив не се опремени со климатизери, па чекаат да падне температурата.

The post Учениците во Аргентина на училиште може да одат во костим за капење appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK