Македонската фудбалска легенда Горан Пандев доби „Златна бубамара на популарноста“ за спортска легенда.
Игор Џамбазов му посвети и песна во негов стил, односно ја преработи песната на Ману Чао „Ла вида Томбола“ посветена на Марадона.
Кога Пандев се појави на сцената публиката го поздрави со стоечки овации и аплауз, а тој се пошегува: „По 8 месеци во пензија ме фати трема пред толку голема публика“.
На 26-тото издание на „Златна бубамара на популарноста“, награда доби уште еден Струмичанец. За најпозната труба беше прогласен Џамбо Агушев, кој има светски успеси и заедно со ДНК ја изведоа песната „Ако утре ме нема“.
The post Пандев доби Златна Бубамара за спортска легенда, цела арена на нозе appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
