мај 13, 2026

За исходот од средбата се очекува обраќање на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел.

Според неофицијалните информации на приштинска КОХА, во Охрид е постигнат некаков договор.
Во Охрид денеска се одржа средба на високо ниво во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Состанокот, кој го свика високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, а чие учество го потврдија и српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албен Курти, се одржи со поддршка на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека во Охрид сака да разговара за нормализација на односите и дека Србите и Албанците можат нормално да разговараат и повтори дека нема да потпише ништо, пишува Б92.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK