Поминаа цели пет години од последната турнеја на Тејлор Свифт, а за тоа време таа објави четири албуми, вклучувајќи го и „Фолклор“ награден со Греми.
Со оглед на тоа што поради пандемијата не настапи во живо, нејзиниот прв настап, одржан синоќа во рамките на турнејата Ерас, наиде на големо нетрпение од фановите и траеше цели три часа и петнаесет минути.
Тејлор вети дека нејзините настапи ќе бидат еден вид патување низ сите нејзини музички периоди, а интересот на обожавателите е толку голем што системот на „Тикетмастер“ во еден момент падна поради побарувачката на билети.
Но, и покрај ова, турнејата го собори рекордот по бројот на продадени билети за концерти на еден уметник во еден ден. Продадени се дури 2,4 милиони билети.
The post Тејлор Свифт собори рекорд во продадени билети за концерт за само еден ден appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
