Париската полиција забрани собири на две жаришта на протести против пензиските реформи на францускиот претседател Емануел Макрон, додека илјадници луѓе продолжија да демонстрираат ширум земјата против мерките, пишува Politico.
Во изминатите две вечери, луѓето излегоа на улиците за да протестираат поради употребата на членот 49.3 од францускиот устав од страна на владата за наметнување на контроверзниот закон за пензиски реформи со кој ќе се зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.
Повеќе од 300 луѓе беа уапсени низ целата земја, од кои 258 на плоштадот Конкорд во Париз, спроти францускиот парламент.
„Поради сериозните ризици од нарушување на јавниот ред и безбедност… сите собири се забранети на Плас де ла Конкорд и неговата околина, како и во областа Шанзелизе“, соопшти полицијата, пренесе АФП.
Беше запален ѓубрето натрупано по улиците, а беа искршени стаклата на билбордите и автобуските постојки.
Следете не, не има насекаде