мај 18, 2024

Руските власти објавија дека проруската заменичка од Доњецк, Марија Пирогова (29) била убиена за време на украинското гранатирање .

Таа е пратеник во Парламентот на Доњецк од 2018 година и ја претставуваше проруската страна.

Денис Пушила , лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, објави дека Марија Пирогова била убиена во битка, пренесува Еуро Викли Њуз .

Само што дознав дека е убиена Марија Пирогова, член на Националниот совет, доброволец. Маша! Не ми се верува…“, напиша тој на својот канал Телеграм.

All of those deaths are Putin’s fault. He and his generals did nothing to prevent Ukronazis to shell Donetsk city every day.

— KazachokBoi (@KazachokB) December 6, 2022

„Таа беше пример за добрина. Беше навистина благородна личност. На сите им помагаше. Беше полна со енергија и таленти“, изјави по повод нејзината смрт Денис Пушилин, прорускиот лидер на регионот Донбас.

Проруските сепаратисти прогласија независност на Луганск и Доњецк уште во 2014 година. Рускиот претседател Владимир Путин официјално ја призна независноста на овие два региона на 21 февруари годинава.

Три дена подоцна, во Украина избувнаа судири, при што голем број луѓе беа убиени и раселени.

Руските власти и оддадоа почит на Марија, велејќи дека таа со години работела напорно за да им помогне на децата.

Марија завршила музичка академија, била во брак со волонтерот Александар Херескулов.

#Ukraine

Member of the DPR parliament Maria Pirogova was killed in Donetsk as a result of shelling. pic.twitter.com/LBZZNXaCBB

— David Kime (@CyberRealms1) December 6, 2022

Како што јави РИА Новости, при гранатирањето на централниот кварт Ворошилов во Доњецк загинале две лица, а 10 се повредени.

Штабот за територијална одбрана на ДПР соопшти: „Како резултат на гранатирање од Украина во областа Ворошилов во Доњецк, две лица загинаа, а бројот на ранети се зголеми на 10 лица.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK