Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека ќе има два услови за крај на војната: Русија да се откаже од плановите за инвазија и да ги повлече своите војници од украинската почва.
„За да се стави крај на војната во Украина, мора да се направат две работи – размислувањето во Кремљ мора да се промени, а силите како Индија можат да помогнат во тоа. Москва мора да ги напушти своите воени планови и да се префрли од воинструга на мирен начин на размислување. Второ, Русија мора да ги повлече своите сили од целата територија на Украина“, изјави тој за индискиот канал НДТВ.
Следете не, не има насекаде