ноември 22, 2024

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ја донираше својата мартовска плата за извршување на оперативна интервенција на ученик кој боледува од аневризма на главата и на кого потребна му е финансиска помош за понатамошно лекување во Германија.

По извршената донација Герасимовски ја повика општинската администрација, и сите граѓани да се приклучат на повикот и донираат, а на советниците од Советот на Општина Центар им предложи да го следат неговиот пример и донираат половина од своите советнички паушали. Станува збор за ученик од 4-то одделение во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, Никола Трајковски.

„Ве повикувам и вас, сите хумани граѓани да донирате и да го споделите овој повик. Ајде заедно да му помогнеме на Никола да победи во оваа тешка животна борба. Општина Центар и центарци се познати по својата хуманост. Тука сме биле секогаш да подадеме рака и да пружиме помош онаму каде што е најпотребна. Да го докажеме тоа уште еднаш“, повика Герасимовски на социјалните мрежи.

Герасимовски потенцираше дека на Никола му е потребна помош по што ги сподели податоците на родителот Илијан Трајковски на кои сите заинтересирани граѓани може да донираат:

Жиро-сметка за донации:

300007085791933

Илијан Трајковски Ул. Костурски Херои бр. 40/3-3

Комерцијална Банка

„За Општина Центар хуманоста не признава граници, вери, религии или етничка припадност. Тука сме да подадеме рака и да пружиме помош онаму каде што е најпотребна. Да бидеме хумани!“ , порача Герасимовски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK