ноември 22, 2024

Драги наши. Нагардите до секогаш биле добредојдени за еден уметник како мало признание за трудот и сме преблагодарни на Ранко Петровиќ и Златна Бубамара за дадената награда и укажаната чест за истата. Оваа наша награда решивме да ја ставиме на “лицитација” и средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат наменети за фондацијата “Марко Божиновски” кои помагаат на сите оние места и фамилии каде што е потребно и каде што државата нема слух за истите. Почетната цена на статуетката ќе биде 6.000ден. и искрено се надеваме дека сумата ќе достигне многу повеќе. Сопственик на статуетката ќе стане оној кој последен ќе ја даде највисоката сума (напишана во коментар), а статуетката ќе биде предадена лично од нас во пакет со потпишано ексклузивно цеде од нашиот најнов албум “ДВАЕСЕТ” и двд издание од јубилејниот концерт одржан во арената “Борис Трајковски” Ви благодариме за вниманието и би ве замолиле да го споделите статусот се со цел да стигне до што поголем аудиториум.

Ваши, Панчо и Андреј

ПС: Лицитацијата ќе се затвори во вторник и во среда ќе биде соопштен новиот сопственик на наградата, а воедно и хуман човек.

Fondacija Marko Bozhinovski

The post Групата DNK на лицитација ја продава овогодишната Златна Бубамара со цел да им помогне на гладните и болни дечиња бидеќи државата нема слух !!! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK