Се мачите да заспиете или заспивате веднаш штом ја ставите главата на перница, но секогаш се будите среде ноќ? Ниту едно од овие сценарија не е идеално, а да се лежи буден во ниедно време во ноќта и да ги броите минутите додека алармот не заѕвони, често е многу напорно.
Според експертот за спиење д-р Џејкоб Тетелбаум, будењето среде ноќ не е невообичаено.
Што ви порачува телото ако често се будите среде ноќ?
Студија објавена во Journal of Psychiatric Research покажа дека 35,5% од 8.937 испитаници пријавиле дека се будат среде ноќ најмалку трипати неделно, додека 23% изјавиле дека се будат барем еднаш во текот на ноќта.
Будењата се случуваат во текот на лесен сон, односно во втората од четирите фази на спиење, кога основната температура на телото почнува да расте, објаснува експертот за спиење д-р Мајкл Бреус.
За разлика од длабоките фази на спиење како РЕМ спиењето, мозокот лесно може да се разбуди во текот на лесен сон.
Која е причината за будење?
„Понекогаш едноставно минувањето низ стресен период може да предизвика луѓето да се разбудат среде ноќ“, вели д-р Тетелбаум.
Додава дека друга вообичаена причина за будење е што нивното тело доживува налет на адреналин предизвикан од нешто како низок шеќер во крвта или хормоните.
За да го запрете будењето среде ноќ, првин треба да идентификувате зошто тоа се случува. Ако постои очигледна причина, односно сте под стрес или имате затнат нос, тогаш во некоја рака, знаете што е причината.
Ако не, нешто најверојатно се случува потсвесно или физиолошки па ќе мора да ја истражите причината. Во случај постојано да се будите среде ноќ повеќе од два месеца, треба да разговарате со доктор за да добиете препораки и стручна помош.
Следете не, не има насекаде