Голтањето таблети е полесно со чаша вода, таквата консумација е и подобра, но има и такви кои апчињата ги голтаат без вода. Имено, доколку се испие апчето без вода, можно е да се заглави во хранопроводот, што потоа може да предизвика сериозни компликации.
ИСТРАЖУВАЊЕ: СЕКОЈ ЛЕК МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ЧИР НА ХРАНОПРОВОДОТ Пиењето на апчиња без вода може да биде многу опасно, еве зошто
Лековите кои се заглавени во хранопроводот ќе предизвикаат воспаленија и иритација и тоа може да резултира со соптоми како киселини, подригање, болка во градите и крварење.
Меѓутоа, бидејќи хранопроводот нема нервно предупредување за болка, симптомите не се појавуваат веднаш туку потешко ќе воочите дали таблетата е заглавена или не.
Со текот на времето, таблетата може да се распадне и да го нагризе чувствителното ткиво на хранопроводот, што може да доведе до дехидрација.
Едно истражување објавено во „ Turkish Journal of Gastroenterology“ открило дека секој лек може да предизвика чир на хранопроводот, но д-р. Кауд навел дека некои лекови може да предизвикаат поголема штета отколку другите. Ова вклучува лекови за остеопороза, антибиотици и лекови против болки кои се издаваат без рецепт.
За да избегнете опасни компликации, најдобро е да го пиете лекот со 200 мл вода, а д-р. Кауд наведува дека подобро е да го испиете лекот во седечка или стоечка позиција, отколку додека лежите.
Паметно е да ги земате апчињата 15 минути пред спиење, за да им дадете доволно време да слезат од хранопроводот.
Во заклучокот, докторите наведуваат дека не секоја таблета ќе се заглави во хранопроводот, но секако ризикот е поголем доколку ја пиете без чаша вода.
Следете не, не има насекаде