ноември 23, 2024

Потенцијалните нови сопственици на Манчестер јунајтед имаат рок до среда, до 21 часот, да достават ревидирани понуди за купување на клубот.

Дали ова е дефинитивно последниот рок и дали на крајот ќе пристигне друга понуда, останува нејасно.

Сепак, можно е банката која е задолжена за целата операција за продажба на клубот да објави „префериран купувач“ по таа основа.

Ова автоматски значи дека двајцата понудувачи, катарскиот банкар Шеик Јасим и сопственикот на Инеос, Сер Џим Ретклиф, имаат малку време да ги обработат информациите што ги собраа за време на нивната посета на „Олд Трафорд“, минатата недела.

Двете страни имаа состаноци со позитивен исход и остануваат посветени на оваа инвестиција.

Наводно, и двајцата понудиле сума која е помала од шест милијарди евра, колку што сегашните сопственици, семејството Глејзер, проценуваат дека клубот вреди.

The post Краен рок за купувачите на Манчестер jунајтед, среда во 21 часот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK