Вчеравечер во Америка, по долго боледување почина бардот на македонското глумиште, Димче Мешковски. Колеги и пријатели се простуваат од него преку социјалните мрежи. Актерот Игор Џамбазов, сподели една од најемотивни пораки и се прости од својот колега и пријател.
“Збогум, драг мој Мешко. Има ли име ова? Оваа тага… Низ главава ми експлодираат спомени. Претстави, филмови, серии, радио драми, легендарното Хихирику, тезги, софри, песни, гитари, бесконечни партии карти во театарот. И многу ќеф. Што те познавав, што ме прифати како син, и што навиваше за мене и тогаш кога не требаше. Се гледаме стари“, вели Игор во својата објава.
Мешковски е роден на 31 октомври, 1945 година во Скопје. Имаше 77 години. Беше актер во Драмскиот театар – Скопје.
Следете не, не има насекаде