декември 3, 2024

Тој вели и дека не е чесно кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети ова што му го прават од таканаречената „Огнена група“.

Османи со порака до огнените: Ахмети е историска личност!

„Ахмети е историска личност. Ахмети 20 години работи за интересите на државата. Он е човекот кој секогаш ги штити интересите на државата. Видете Али Ахмети работеше за Македонија да стане членка на НАТО, сега силно работи да ги обедини сите политички партии кои сакаат да ја видат Македонија во ЕУ.

Ахмети и во Охрид беше во целосна комуникација со меѓународниот фактор за да се најде компромис меѓу Косово и Србија, со цел да имаме стабилен регион, а ова е посебно битно сега кога не далеку од тука има војна.

Затоа сметам дека не е чесно кон него ова што го прават неговите пријатели од „Огнените“, кога Ахмети се залага за решавање на стратешки политики, тие го „замараат“ со минорни работи, вели Османи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK