декември 22, 2024

Дваесетгодишниот германски голман Џоел Г. е обвинет за силување и убиство на деветнаесетгодишната девојка Милена О. Злосторството го направил за време на роденденска забава во Брамше. Пред да ја нападне, Милена била пријавена за исчезната. Била најдена неколку часа по забавата со тешки повреди зад голот на еден фудбалски терен. Џоел наводно сексуално малтретирал уште неколку девојки.

Две жени го пријавиле за сексуален напад, пренесе „Билд“. Наводно станува збор за силување и обид за силување, пренесоа германските медиуми. Јавното обвинителство веќе ги истражува наводите и ги проверува изјавите на девојките.

Според обвинителот, Џоел досега не бил осудуван, но и порано бил под истрага, пренесе „Билд“. Портпаролот на Јавното обвинителство во Оснабрик потврди дека постапката била прекината во 2020 година откако Јавното обвинителство донело воспитна мерка.

Младата жена која наводно ја прогонувал пред три години не е убиена. Неговите поранешни школски другари исто така го опишаа како човек со две лица. Знаел да биде фин, но и груб.

 

The post Германски голман е осомничен за убиство и силување на неколку жени appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK